Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсоски, во име на Владата на РМ и Мартин Локен по овластување на Владата на Канада, во Монтреал ја парафираа Билатералната спогодба за воздушен сообраќај помеѓу Република Македонија и Канада. Парафирањето на Спогодбата создава правна рамка за промоција на меѓународен воздушен сообраќај со цел, да и се овозможат на патувачката јавност поголеми можности и избор на услуги, а во исто време да се обезбеди највисок степен на безбедност и обезбедување на воздушниот сообраќај од секаков вид закани.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсоски, во име на Владата на РМ и Мартин Локен по овластување на Владата на Канада, во Монтреал ја парафираа Билатералната спогодба за воздушен сообраќај помеѓу Република Македонија и Канада.
Парафирањето на Спогодбата создава правна рамка за промоција на меѓународен воздушен сообраќај со цел, да и се овозможат на патувачката јавност поголеми можности и избор на услуги, а во исто време да се обезбеди највисок степен на безбедност и обезбедување на воздушниот сообраќај од секаков вид закани.
- Парафирањето на спогодбата за отворено небо исто така е и во насока на политиката на ИКАО, која ја промовираат двете земји, за глобална економска либерализација на меѓународниот воздушен транспорт и неговиот развој на конкурентска основа без никакви ограничувања за сообраќајните слободи, пристапот на пазарот, тарифите, фреквенциите и капацитетот - велат од АЦВ.
На средбата, Мојсоски и Локен, ги потврдија добрите дипломатски односи помеѓу двете земји и потенцираа дека се создаде потенцијал за можни инвестиции во економиите, развој на туризмот, интерконтинентална поврзаност и солидна конекција преку воздушниот сообраќај кој би влијаел на унапредувањето на севкупните односи меѓу двете земји и тоа на економски, научен и културен план, позитивни ефекти за работата на авиопревозниците како и поголеми можности за патувачката јавност на двете земји.